Малага на слатки маки: Ако го победи Реал добива 600 илјади евра, ако загуби – еден милион

10023

Екипата на Малага ќе ја подобри својата финансиска состојба по завршувањето на првенството во Ла Лига без разлика што ќе се случи в недела во дуелот со Реал Мадрид.

Единствената дилема е дали клубот од Андалузија ќе заработи 600 илјади евра или еден милион. Ако го победи Реал, Малага ќе го освои 11. место на табелата поради што му следува бонус од 600 илјади евра од Ла Лига. Од друга страна, ако загуби, Реал ќе ја освои титулата и Малага добива еден милион евра како резултат на трансферот на Иско во 2013 година.

Има и други варијации кои би можеле да и донесат на Малага 1,6 милиони евра, односно клубот да профитира од двете страни. Најдобрата меѓу нив е Валенсија да загуби од Виљареал, а Селта да загуби или да освои бод против Реал. Во тој случај, Малага ќе го освои 11. место, а Реал ќе биде шампион, па двата услови за профит ќе бидат исполнети.

loading...