Макпетол ​ја ​отвори нова​та​ 126​-​та современа пумпа

311

Денес, свечено беше отворена новата бензинска станица Ќојлија, во Скопје, на која покрај високи претставници на компанијата присуствуваше и градоначалникот на општина Петровец

Изминатиов период, а и оној што следи ни дава многу причини за славење. Минатата недела отпочнавме со одбележување на јубилејот 70 години Макпетрол со стартот на големата наградна игра, а денес, една недела потоа отвораме нова бензинска станица на Макпетрол. Среќни сме што одбележувањето на јубилејот не е само преку вообичаените прослави, туку преку презентирање на резултатите од нашиот труд и секако, новите инвестиции“. – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД.
Среќни сме што одбележувањето на јубилејот не е само преку вообичаените прослави, туку преку презентирање на резултатите од нашиот труд и секако, новите инвестиции“. – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД.

Уште поголем мотив за Компанијата е и отворањето нови работни места на новите бензински станици, со што како општествено одговорна Компанија индиректно му помагаат на локалниот развој и населението. Тоа го подразбираме како должност кон населението, а не како наметната обврска па и овој пат бевме фокусирани и кон соработката со локалното основно училиште и настанот го збогативме со мини изложба на ликовните трудови на децата од ликовната секција при ОУ Коста Солев Рацин од Петровец.

Темата на трудовите е „Мојата прва асоцијација за Макпетрол“,а ние им изразуваме голема благодарност за вложениот труд и прекрасните творби“. – додаде Тасевски

Една од примарните цели на работењето на Макпетрол е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, гас и биогорива со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди.

Целосната посветеност на компанијата кон следењето и задоволувањето на потребите на потрошувачите подразбира и приближување кон потрошувачите, меѓу другото и со изградба на нови бензински станици. Оваа нова станица, Ќојлија, инаку 126 та во синџирот на Макпетрол, ќе ги снабдува потрошувачите со еуросупер 95, еуродизел, автоплин и метан, а ќе ги сервисира потребите на потрошувачите и со дополнителни услуги што ќе можат да ги добијат во современата продавница. Во бензинската станица се инвестирани околу 200 милиони денари и истата е изградена во согласност со највисоките пропишани безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди, изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.