Македонски боксер, член на клубот Шкупи бил убиен во Сирија

2394

Утрово, медиумите на албански во Македонија објавија дека на боиштата во Сирија е убиен уште еден наш државјанин.

Станува збор за извесен Адеми кој бил член на боксерскиот клуб „Шкупи“, информација што ја пренесе весникот „Бота сот“.

Истиот извор наведува дека токму Адеми е еден од десете потврдени албански Македонци кои загинале боиштата во Сирија и Ирак.