Македонските моторциклисти со големи успеси – Ивчески е Европски шампион, Бузалковски и Спиров – вицешампиони!

194

Викендов на патеката во Серез (Грција) заврши 12-та и последна трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а Македонија  по крајот на сезоната доби еден шампион и двајца вицешампиони.

Македонија на споменатата трка беше претставувана од тројца возачи, во класата SP125 настапи Христијан Бузалковски – Бузо (МК Ендуро Тим – Водно Скопје), а во класата F1000 имавме двајца претставници, Слободан Ивчески – Цобо (МК Сакамото) и Игор Спиров – Зизи (МК Ендуро Тим – Водно Скопје).

Во класата F1000 нашите возачи не се искачија на пиедесталот на последната трка, но на крајот од сезоната, Слободан Ивчески – Цобо беше прогласен за нов БМУ Европски шампион во брзински мотоциклизам, а Игор Спиров – Зизи стана вицешампион.

Најмладиот наш натпреварувач, Бузалковски на последната трка во класата SP 125,  го освои второто место, а со тоа заврши и како второпласиран во генералниот пласман, веднаш зад Бугаринот Милен Георгиев.