Македонските клубови ги добија потенцијалните противници во Лигата на Европа: Работнички мина најдобро

2061

Македонските клубови кои ова лето ќе играат во квалификациите на Лигата на Европа ги добија своите потенцијални противници по поделбата во групи од страна на УЕФА.

Работнички, Шкендија и Пелистер денеска треба да ги добијат своите противници во квалификациите за Лигата на Европа, а УЕФА го скрати списокот на потенцијални противници и ги групираше клубовите по кои ќе се добијат двојките за квалификациите.

Најдобро од сите мина Работнички кој традиционално е наш најдобар клуб во Европа. Како што е познато, „Романтичарите“ ќе бидат во групата на носители, па со тоа е очекувано да добијат полесни противници.

Работнички се најде во групата 5 каде за потенцијални противници ги доби Зета од Црна Гора, Тре Пене од Сан Марино, Санта Колома од Андора, Флориана од Малта и Сент Џозеф од Гибралтар.

Најтешко минаа Пелистер и Шкендија кои не се во групата на носители.

Пелистер е во групата 2 каде потенцијални противници можат да му бидат Лех Познањ (Полска), Каират (Казахстан), Алтах (Австрија), Левски Софија (Бугарија) и Зира (Азербејџан).

Шкендија, пак, е во групата 1 каде противници можат да му бидат неатрактивните и не толку силни противници, но сепак незгодни ривали како Тренчин (Словачка), Макаби Тел Авив (Израел), Интер Баку (Азербејџан), Дачија Кишинев (Молдавија), Ширак (Ерменија).