Македонските клубови вечерва ги дознаваат противниците во ракометната Лига на шампиони

447

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони вечерва ќе ги добијат своите противници. Во машка конкуренција повторно ќе не претставуваат два тима,
Вардар и Металург.

Црвено-црните иако го бранат торфејот, не се меѓу носителите и се наоѓаат во вториот шешир, додека Металург кој доби вајлд карта е носител во ждрепката за составувањето на Ц и Д групите.

Вечерва своите противници ќе ги добијата и ракоемтарките на Вардар кои се наоѓаат во првиот шешир. Извлекувањето ќе се одржи во концертната сала во Љубљана, церемонијата започнува во 19 часот, а некаде околу 21 часот би треало да бидат познати и групите.