Македонскиот тенисер „херој“ преку ноќ стана тешка измама за која пишуваат сите светски медиуми

1601

Струмичанецот Дарко Грнчаров, младиот тенисер од Македонија кој за јавноста стана интересен откако објави дека откако се разбудил од кома, повторно заиграл тенис, е топ тема во светските медиуми.

Грнчаров дополнително за светската јавност стана интересен откако на  Твитер напиша дека наводно е бесен од ставовите на Сандгрен (стигна до полуфинале на Australian Open).

Потоа 20-годишно Гранчаров твитнал и дека тој отворено би одбил да игра на стадионот Маргарет Корт Арена затоа што нејзините ставови биле „тотално неприфатливи и одвратни“.

Ова беше моментот кој го привлече вниманието на медиумите од цел свет, а Грнчаров ги искористи минутите на слава и се претстави дека тој е тенисер кој пред извесно време се разбудил од кома и се спремал да блесне на АТП турнирите, откако претходно му се откачил тромб.

Британското БиБиСи беше првата телевизија која му направи речиси десетминутно интервју, а потоа веста се рашири како епидемија во сите светски релевантни медиуми.

Но денеска следеше шок, откако новинар во Њу Јорк Тајмс отрки дека сето ова е една голема измама и дека Гранчаров ниту бил во кома, а ниту е некој тенисер со голем потенцијал.