Македонскиот изум го освои Балканот: Супер количката која ги освои сите (Видео)

3025

Секојдневно може да се увериме во некоја атракција на фудбалските терени, но очигледно „машината“ која се појави во Македонија, ги воодушеви сите кои го гледаа ова видео.

Имено, на пријателскиот натпревар помеѓу Охрид и романскиот петтолигаш Тимисул Урсениј, одигран пред некој ден во Македонија, се случи еден интересен момент кој беше интересен за пошироката јавност на Балканот.

Фудбалерот на романската екипа остана да лежи на патеката, а додека сите чекаа да се појави медицинска екипа, се појави импровизирана количка со мотор, која беше резервирана за изнесување на повреден играч.

Тоа беше изненадување за сите присутни, но и за самиот фудбалер, кој пред излегувањето сакаше да направи шоу, но ја загуби рамнотежата и падна од количката.

loading...