Македонската селекција во подем – годинава на 7 меча има само еден пораз

2127

Македонската фудбалска репрезентација по подмладувањето и влезот на свеж „крв“ од младинската селекција игра се подобро и подобро, а потврда за тоа се и резултатите.

Ако на почетокот на квалификациите не не посака среќа, во продолжение „црвено-жолтите“ избраници на Ангеловски играат допадлив фудбал за око и притоа бележат одлични резултати.

Во тековната календарска година (2017) нашата селекција одигра 7 официјални натпревари, пет квалификациски и два пријателски. На нив забележа само еден пораз, од Шпанија (1-2), како и три победи, над Лихтенштајн (0-3), Белорусија (3-0) и Израел (0-1).  Покрај трите победи имаме и исто толкав број на реми дуели, против Турција (0-0), Албанија (1-1) и Италија (1-1).

Имаме реални шанси веќе во понеделник да прокнижиме уште една победа со оглед на тоа што ни доаѓа Лихтенштајн. Добрите игри, како и резултати годинава само може да не радуваат, па по пласманот на младата селекција на Македонија на ЕП, зошто да не ги видиме и сениорите на следното ЕП.