Македонија У17 ги дозна противниците од елитната фаза: Неатрактивна, но тешка група

138

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби ривалите во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Генерцијата на Горан Станиќ на ждрепката падна во групата 3, а за пласман на големото натпреварување ќе игра против репрезентациите на Ирска, Полска и Грузија. За нашата репрезентација ова е прв, историски пласман во елитната фаза во конкуренција за фудбалери до 17 години.

Мини-турнирите мора да завршат до 1 април, а осумте победници во групите ќе се пласираат на завршницата каде чека Англија. Првенството ќе се одржи од 4 до 20 мај.