Македонија се гордее со Вардар – во „Јане Сандански“ грмеше за шампионите (ВИДЕО)

1802

По грандиозниот успех во Келн, РК Вардар се врати во Македонија, каде денеска гостуваше во Велес кај Борец, и каде со победа ја завери титулата.

Домашната публика импресионирана од резултатот на „црвено-црните“ во Германија, денес им приредија фантастичен и коректен дочек, каде беа испратени со овации европските шампиони.

По заминувањето од Велес, Вардар со играчите и целото раководство, титулата ја славеше пред своите гледачи во „Јане Сандански“, а од трибини грмеше, „шампиони, шампиони!“.

На прославата овации добија сите, а свое обраќање имаа  сопственикот на Вардар, и претседателот на РФМ.

تم نشره بواسطة ‏‎RK Vardar‎‏ في 7 يونيو، 2017

ВИДЕО: РК ВАРДАР.