Македонија сепак за класа подобра од Бугарија во „Борис Трајковски“

845

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во „СЦ Борис Трајковски“ ја совлада селекцијата на Бугарија со 80:7 во првиот домашен контролен натпревар, во рамките на подготвителниот период пред квалификациите за СП 2019 година.

Претходно македонската репрезентација одигра две пријателски средби и со Словачка, каде имаше биланс од една победа и еден пораз, па вечерва остварија уште една победа, против Бугарија.

Првата четвртина Македонија ја заврши во плус (15:11), а веќе во втората четвртина видовме по ангажирана Бугарија, и гледавме израмнета кошарка. На полувреме се замина со мала предност (38:36).

Скоро идентична игра од двете селекции видовме и во вториот дел, се играше поен за поен, но на крајот пресуди решителноста на Македонија. Бугарија во неколку наврати од натпреварот имаше и водство, но тоа некако успеваа нашите да го неутрализираат, и на крајот да остварат победа за голема самодоверба понатаму.

Диме Тасовски вечерва беше најефикасен во редовите на нашата репрезентација, запишувајки 18 поени, два поени помалку постигна Војдан Стојановски, вкупно 16, додека задоволително беше и настапот на Џордан Теодор, кој запиша 15 поени.

Следен предизвик за пулените на Јорданчо Давитков, ќе биде турнирот „Трофеј Македонија“.