Македонија против Финска, Тунис и Камерун во Фед купот

543

Македонската Фед куп репрезентација утре во Кишињев(Молдавија) ги започнува настапите во рамките на третата Евро-африканска зона.

Нашата селекција е во група заедно со Финска која е најдобро рангирана  во конкуренцијата, каде ќе се разигрува уште и со Тунис и Камерун.

 

Селекторот Дејан Маринковиќ на располагање ги има : Катарина Маринковиќ, Нора Христовска и Викторија Веселинова. Недостасува  најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, со што македонскиот тим има мали шанси за освојување на првата позиција.