Македонија полудена по ракометот: Еден милион Македонци го следеле финалето меѓу Вардар и ПСЖ

1423

Не е чудо што ракометот е спорт број еден во Македонија последните години.

И најголемите успеси на клупски и репрезентативен план се токму во ракометот, а жителите на нашата земја буквално живеат за него. Тоа го покажа студијата на ЕХФ која објави дека финалниот меч го проследиле околу еден милион жители на Македонија, а според МРТВ, 80% од телевизиските приемници биле вклучени токму на првиот програмски сервис на националната телевизија. Ако се додаде дека пренос вршеше и српската спортска телевизија Арена и дел од Македонците таму го следеа преносот, оваа бројка е уште поголема.

Ова, воедно, значи дека иако Вардар е скопски клуб, за неговиот успех живееле и жителите на другите градови во земјава од каде вчера имаше и присутни на пречекот на новите европски шампиони.