Македонија поведе против Малта во Дејвис Купот

251

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација поведе со 1:0 против Малта во првиот дуел во рамките на Групата Б, од Третата европска зона.

Натпреварите од оваа група се играат во Бугарија, а водство за Македонија против Малтежаните донесе искусниот Димитар Грабул кој го освои првиот поен за Македонија, победувајќи го Омар Судзука со 2:0 во сетови.

Грабул славеше во првиот сет со 6:3, а потоа и во вториот сет продолжи со добрата игра не дозволувајќи му на противникот да се врати во мечот и славеше со 6:4 во гемови, за конечни 2:0 и водство на Македонија.

Во вториот дуел, најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ќе се соочи со Метју Ашчиак, во обид да го удвои водството на нашата репрезентација.