Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за ЕП во Хрватска

2283

На 23-ти јуни во Загреб ќе биде ждрепката за групната фаза од Европското првенство во Хрватска, а нашата репрезентација ќе ги чека своите противници од вториот шешир.

Тоа е сигурно со оглед на тоа што Македонија е првопласирана во својата квалификациска група.

Заедно со Македонија во првите два барабани ќе бидат и Хрватска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Белорусија и Данска.

ЕХФ дополнително ќе ги објави репрезентациите и шеширите од кои тие ќе бидат влечени во ждрепката. Исланд како најдобро третопласирана репрезентација од квалификациите се приклучува на ЕП.

На ЕП 2018 во Хрватска, пласман обезбедија 16 репрезентации и тоа: Австрија, Хрватска, Шпанија, Франција, Германија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Шведска, Македонија, Данска, Унгарија, Белорусија, Србија, Чешка и Исланд.

За Македонија ова е 10. големо натпреварување, а седмо во низа. Се почна во 1998 година на ЕП во Италија, продолжи на СП 1999 по што следуваше пауза од десет години за настап на СП 2009. Од 2012 година постојано сме дел од големите натпреварувања.

ФОТО: 24 ракомет

loading...