Македонија напредува! Огромен скок на новата ФИФА ранг листа

2715

Фудбалската репрезентација на Македонија од поодамна нема забележано голем скок на ФИФА ранг листата, но овој пат тоа се промени.

По одличните настапи и победата во Хаифа против Израел (0:1), и ремито во Струмица против селекцијата на Албанија, резултираа со напредување на ФИФА ранкингот од 32 позиции.

Македонија пред двата квалификациски меча со Израел и Албанија, беше рангирана на 135. позиција, а од денес натаму, тие се на 103. позиција на табелата, или скок од 32 позиции.

Сигурно дека при евентуална победа над Албанија, ќе бевме во топ 100 и сигурно ќе напредувавме барем уште 10 позиции, но и вака е добро и оптимистички.

Иако пред Македонија се други фудбалски селекции кои немаат некоја посебна репутација во светот, но сигурно дека со добри игри во иднина, ќе напредуваме уште повеќе.