Македонија добива нов „Иџе“ – малиот Богатиновски стана шампион на Србија

326

Главен синоним за македонскиот автомобилизам во изминатите години е Игор Стефановски – Иџе, а неговите успеси се потик за многу млади да започнат со овој спорт.

Дека нашата држава има иднина во овој спорт говори фактот што викендов младиот Петар Богатиновски се закити со двојната титула во картинг шампионатот на Србија. Покрај домашните возачи од Србија, се натпреваруваат и возачи од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

Петар оваа сезона зад своето име запиша 21 победа и едно второ место во својата класа. Тој потекнува од спортско семејство бидејќи и неговиот татко, Игор е активен натпреварувач.