Македонец триумфираше на полумаратонот во Белград

612

Македонскиот натпреварувач Дарио Ивановски е сензационален победник на полумаратонот што денеска се одржа во Белград.

Нашиот маратонец ја истрча патеката од 21 километар за точно 1:10 час и ќе добие награда од 250 евра. Зад него останаа Србите, Велимир Бајовиќ и Марко Ранковиќ.

На вистинскиот маратон кој штотуку заврши победија Стивен Катам од Кенија во машка и Оливера Јевтиќ од Србија во женска конкуренција.