Македонец во Ла Лига: Барди ги помина прегледите и потпишува за Леванте (ФОТО)

1398

Еден од најголемите таленти во македонскиот фудбал Енис Барди тукушто ги помина лекарските прегледи во Леванте и наскоро се очекува да стави потпис на договорот.

За него, Ујпешт ќе добие 1,5 милиони евра, а Барди треба да биде замена за Хавиер Еспиноза чиј договор истекува идното лето и можеби пред почетокот на новата сезона ќе си замине од клубот од Валенсија. Претстојната сезона Барди ќе игра во најсилното првенство во светот – Ла Лига бидејќи Леванте се врати во елитата.

Во Шпанија, македонскиот репрезентативец доаѓа од Ујпешт каде што играше од 2014 година и на 79 натпревари постигна 20 гола.