Македонецот со А-олимписка норма: Криминалци ја водат федерацијата, барам помош од премиерот Заев

538

Најдобриот македонски нордиски скијач и неколкукратен олимпиец на нашата држава, Дарко Дамјановски се соочува со нови проблеми.

Дамјановски кој засега е единствен Македонец кој има А норма за Зимските Олимписки Игри следата година во Пјонгчанг, Јужна Кореја ја обвини матичната федерација со тешки зборови, нарекувајќи ги луѓето која ја водата, криминалци.

Очигледно во немоќ, Дамјановски на помош го повика и првиот човек на државата, премиерот Зоран Заев како и сите други надлежни институции.