Македонецот останува во Серија А: Несторовски е замената за Калиниќ во Фиорентина

7746

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и идната сезона ќе остане во Серија А ако се остварат желбите и намерите на Фиорентина.

Како што објави Калчомеркато, нашиот напаѓач треба да биде замена за Никола Калиниќ кој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Кина иако има понуди од пет познати европски клубови. Според истиот извор, спортскиот директор на Фиорентина, Панталео Корвино уште во јануари го забележал Несторовски во својот тефтер и наскоро ќе ги почне преговорите со Палермо.

Неофицијално, првата понуда од Фиренца ќе изнесува десет милиони евра.