Мавровски меморијал по 54. пат – одржана прес конференција по повод мавровски меморијал

701

Најстариот скијачки куп на Балканот повторно ќе се одржи во Маврово, а по тој повод организаторот на Мавровскиот меморијал Кочо Кираца и директорот на Агенцијата за млади и спорт одржаа прес-конференција на која ги повикаа сите љубители на зимските спортови и нордиското скијање да присуствуваат.

Мавровоски меморијал е најстариот нордиски куп на Балканот и се вборјува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и светот.

Постоењето на Мавровски меморијал е со цел унапреднување и развивање на нордиското скијање и истото е составено од врвни професионалци и вљубеници во зимските спортови, а нивна цел е продолжување на традицијата и подигање на Мавровскиот меморијал на највисоко ниво.

Маврвоски меморијал се одржува во чест на загинатите градители на хидроцентарлата Маврово кои во страшна лавина загинаа во 1956 год. Во таа лавина загина 38 градители и 18 спасувачи од југословенската народна армија.
Од 1957 година група на ентузијати со чел да не се заборави големото дело на загинатите градители и спсаувачи го организираа првиот куп кој едноставно е наречен Маврвоски меморијал.

Низ годините Маврвоскиот меморијал прерасна од локален во републички па во државен и балкански, се до денес кој е еден од најзначајните континентални купови во Европа.

За 54-от Мавровоски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави: Македонија, Србија, Грција, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција, Романија и многу други.

Програма на Мавровскиот меморијал:

П Р О Г Р А М А НА 54-ОТ МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ
Недела , 12.02.2017

Пристигнување на екипите

Понеделник ,13 .02.2017 година

10.00 – 13.00……Официјален тренинг

14.30………………Полагање цвеќе на споменикот на погинатите градители

15.00………………Свечено отварање

15.30………………Музички хепенинг со многу македонски поп и фолк пејачи пред хотел Спорт

16.00………………. Коктел во хотел Спорт и доделувањње на благодарници за сите спонзори и помагат@ели на Мавровскиот Меморијал

19.00………………Технички состанок за натпреварот

Вторник, 14.02.2017 година

11.00……………….Старт на натпреварот на 5км и 10км (слободен стил)

19.00………………Технички состанок за натпреварот

Среда , 15.02.2017 година

11.00……………….Старт на натпреварот 5км и 10км (слободен стил)

14.00………………Затварање на натпреварот и доделување на награди