Лукаку се јави со порака до неговите „вистински“ фанови

1376

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку, имаше неколку тешки недели во Манчестер Јунајтед, откако претходно имаше фантастичен старт на кариерата на „Олд Трафорд“.

Но голгетерската криза која го зафати, влијаеше и на навивачите на Манчестер Јунајтед, кои во моменти се сомневаа дека Лукаку го нема оној убиствен инстинкт кој му е под итно потребен на Јунајтед, па и поради тоа дојде до одредени заладување на односите на релација Лукаку – навивачи.

Лукаку беше стрелец на гол на мечот против Мексико (2:1), но тоа беше на прилично среќен начин постигнат гол, па Лукаку веројатно ќе добие самодоверба по тој гол.

Но по обврските со репрезентацијата, тој се враќа во Манчестер, каде ќе се подготвува за идните предизвици, а во меѓувреме упати и една енигматична порака до фановите.

Голема благодарност до сите мои соиграчи и вистинските фанови кои се тука“, порача Лукаку на Инстаграм, алудирајки на одредени навивачи кои изминатиот период се сомневаат во него.