Лукаку не постигна гол на дебито – медиумите веднаш удрија по Белгиецот (видео)

2870

Манчестер Јунајтед рано утринава славеше на првата контролка против ЛА Галакси со 5:2, во прилично измешан состав во двете полувремиња.

Како што најави Мурињо, неговите играчи ќе добијат по 45 минути, да покажат што знаат и умеат, а меѓу нив беше и новото засилување, Ромелу Лукаку.

Белгиецот не постигна гол, имаше неколку отворени шанси за гол, но не успеа да реализира, имаше и неколку нетипични промашувања, па во тоа, медиумите препознаа слаб прв натпревар на белгискиот интернациоалец.