Лузни од минатото: Секогаш ќе чувствувам вина поради смртта на Аиртон Сена

1897

Адријан Њуи открива нови детали за промените на болидот на Аиртон Сена, пред неговата фатална несреча на ГН на Сан Марино 1994 година, и опишува зошто се чувствува виновен за неговата смрт.

Њуи во тој период беше главен дизајнер на Вилијамсм FW16 и во својата автобиографија, тој пишува како тоа довело до големата несреќа во која загубија сите, фановите, спортот и Ф1 заедницата.

Дел од болидот на Сена бил модифициран пред трката со цел да се подобри неговиот перформанс при возењето, па поради тој факт Њуи сега чувствува вина и одговорност.

Јас бев еден од највисоките лица на екипата која го дизајнираше болидот во кој се уби еден прекрасен човек. Не важно кој дел од болидот бил кобен за смртта на Сена, сега неможеме да побегнеме од фактот дека дел од болидот беше лошо дизајниран и дека никогаш нема да побегнеме од фактот дека болидот на крај се покажа како лошо изработен“.

Она поради кое сега чувствувам вина е дека можеби јас бев виновен за аеродинамичната грешка во болидот на Аиртон Сена. Болидот беше тежок за да го контролирате, па дури и за шампион каков што беше Бразилецот. Секогаш ќе чувствувам степен на одговорност за неговата смрт, но не во потполност. Факт е дека смррта на Разенберг така лесно беше ставена под тепих, па потоа лошо помина и Сена“, констатира Адријан Њуи.