Лудница на врвот на АТП листата: Четворица го бркаат Мареј, прашање е само на ден кога ќе падне

3700

Третиот Гренд слем во сезоната Вимблдон заврши вчера, а донесе исклучително драматична ситуација на врвот на АТП листата.

Енди Мареј не успеа да ја одбрани титулата, таа замина кај Роџер Федерер и сега првите петмина тенисери се на разлика од само 1.410 бода. Прв остана Енди Мареј, зад него е Рафаел Надал, а Роџер Федерер се проби до третата позиција. Но, по сето ова, прашање е само на ден кога ќе падне Мареј бидејќи Надал заостанува зад него само 285 бода, а Федерер 1.205.

Мареј ќе остане на челната позиција барем уште четири недели, односно до завршувањето на Мастерсот во Канада, но после тоа брани премногу поени за да успее да се задржи на првото место. Оттука до крајот на сезоната Федерер не брани ништо, а Надал брани нешто симболично.

Возбудувањата во елитниот тенис продолжуваат на 7 август кога се игра Мастерсот во Монтреал по што следува Мастерсот во Синсинати и УС Опен.

АТП ТОП 10:
1. (-) Енди Мареј Велика Британија 7.750
2. (-) Рафаел Надал Шпанија 7.465
3. (+2) Роџер Федерер Швајцарија 6.545
4. (-) Новак Ѓоковиќ Србија 6.325
5. (-2) Стан Вавринка Швајцарија 6.140
6. (-) Марин Чилиќ Хрватска 5.075
7. (+1) Доминик Тим Австрија 4.030
8. (+1) Кеи Нишикори Јапонија 3.740
9. (-2) Милош Раониќ Канада 3.310
10. (+1) Григор Димитров Бугарија 3.160