Лудница во НБА: За една недела „потрошени“ 1,8 милијарди долари!

1016

Иако преодниот рок во НБА лигата трае едвај една недела, клубовите веќе постигнаа договори во висина од 1,8 милијарди долари.

Овие денови поминаа мошне интересно. Своите договори ги продолжија Џејмс Харден, Стеф Кари и Блејк Грифин, а остварени се и голем број трансфери меѓу клубовите. Најголем дел од оваа сума од 1,8 милијарди долари одат на кошаркари чија годишна плата изнесува над 20 милиони долари. Такви има 28.

Сосема разбирливо, паднаа и рекордите по висината на договорите. Прво, рекордер стана Кари кој потпиша петгодишен договор со Голден Стејт за 201 милион долари, а една недела подоцна Харден го помина со договор вреден 228 милиони.

Меѓу поскапите договори се оние на Милсап кој се пресели во Денвер за 88 милиони долари, потоа Кајл Лоури и Серж Ибака кои за три сезони ќе добијат 88, односно 57,2 милиони.