Лудница во Катар: Фаворитите грешеа, Вињалес искористи

644

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес е сензационалниот победник на трката за Големата награда на Катар со која стартуваше новата сезона во Мото ГП.

Иако имаше многу возбудувања, трката ја одбележа доцнењето од 45 минути поради дождот, па истата мораше да биде скратена за два круга. За Вињалес, тоа беше втора победа во кариерата и тоа во дебито за Јамаха, а до неа дојде откако во директниот дуел го победи Андреа Довиѕиосо на Дукати. Покрај нив, на пиедесталот се искачи и колегата на Вињалес од Јамаха, Валентино Роси.

Вистинската борба во трката почна во осмиот круг кога водството го презеде Довиѕиосо благодарение на излетувањето на дотогашниот лидер Жоан Зарк. Довиѕиосо и Вињалес се менуваа во водство, а одлуката дојде на три круга пред крајот кога Вињалес го зададе конечниот удар.

Одбраната на титулата, актуелниот светски шампион Марк Маркес ја почна со четвртата позиција. Втората трка од сезоната ќе се вози на 9 април за Големата награда на Аргентина.