Лудиот Ибрахимовиќ и неговата арогантна креативност: На сопругата и го дал најлудиот подарок за Божиќ

8305

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието на спортската јавност поради својот егоизам и арогантност, а сето тоа претставено преку брилијантната идеја за божиќен подарок.

Имено, Ибрахимовиќ во свој стил одлучил да го прослави Божиќ, но и да и подготви подарок на сопругата Хелена Сегер која таа, познавајќи го, сигурно очекувала, но не се надевала на толку оригинален подарок.

Ибра е познат по своите „луди“ идеи, а овојпат отиде и чекор понатаму. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед направил свој фото-портрет и истиот го врамил, а тоа бил божиќниот подарок за Хелена.

Тоа не е ништо ново кога станува збор за Ибрахимовиќ и неговите необични подароци, бидејќи пред неколку години изјави дека ништо не и купил на Хелена за нејзиниот роденден, бидејќи таа веќе го има Златан.

Оригинално, мора да се признае… Сепак е очигледно дека Ибрахимовиќ има балкански корени.