Луда журка во пет наутро: Звезда во Белград ја прослави титулата од АБА лигата (ВИДЕО)

992

Екипата на Црвена Звезда направи хет-трик во АБА лигата откако синоќа славеше против Цедевита во третиот натпревар од овогодишната финална серија.

Со оглед на тоа што вчерашниот меч се играше во Загреб, вистинската забава се случи по враќањето на кошаркарите во Белград каде ги очекуваа неколку стотини навивачи. Лудата журка се одржа во пет часот наутро, гореа факели и димни бомби пред салата “Александар Николиќ” во Белград каде пристигнаа кошаркарите и стручниот штаб и се приклучија на забавата.