Лошо му се пишува на Новак: Сафин го отпиша Ѓоковиќ

1707

Поранешниот руски тенисер Марат Сафин го отпиша Новак Ѓоковиќ од шансите да се врати во врвот на светскиот тенис.

Според него, и во 2018 година Рафа Надал и Роџер Федерер нема да имаат сериозна конуренција.

“И идната сезона Рафа и Роџер ќе доминираат. Не мислам дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да се врати на нивото на кое беше, сметам дека тоа ќе биде многу тешко. Истото важи и за Мареј. Единствена шанса за нив двајца е Рафа и Роџер да се повредат”, изјави Сафин.

Поради повреда Ѓоковиќ не играше уште од Вимблдон, а на терените планира да се врати идниот месец преку турнирот во Абу Даби.