Лоши вести од Палермо: Заврши годината за Несторовски!

1484

Еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов Илија Несторовски нема повеќе да се врати на фудбалските терени оваа година.

Причина за тоа е мускулната повреда што ја доживеа на последниот натпревар за Палермо, а која бара пауза од најмалку 30 дена. Денеска тој не се појави на вечерниот тренинг на сицилијанскиот клуб, но најтешко ќе биде тоа што нема да игра на еден од најважните натпревари на Палермо, против Бари в сабота на гостински терен.

Двете екипи заедно со Парма се на делба на првата позиција на табелата во Серија А со по 29 бода. Претстои уште многу борба, но евентуалниот победник од тој меч ќе има голема предност пред ривалите.