Лоша судбина на италијанската фудбалска легенда: Трагедија во домот на Кристијан Виери

3074

Еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата Кристијан Виери минува низ животна драма.

Фудбалерот кој ги сврте сите големи италијански клубови, а сепак секаде беше обожаван, требаше да го зголеми семејството како плод на љубовта со атрактивната Костанца Карачоло. За жал, двојката објави дека Костанца го загубила бебето.

“За жал, судбината одлучи дека сега не е време за тоа. Ние бараме од секого да разбере и да го почитува овој деликатен момент од нашите животи”, стои во заедничката изјава.

Кристијан и Костанца се во врска неколку месеци и веќе планираат со брак да ја крунисаат својата врска.