Лонзо Бол го сруши рекордот на „ѕверот“ Леброн Џејмс

662

Младиот и талентиран кошаркар на „езерџиите“, Лонзо Бол, од синоќа стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА натпреварите, кој успеал да реализира „трипл-дабл“ учинок, надминувајки го постигнувањето досега на Леброн Џејмс, кој своевремено имаше ѕвездена најава за она што ќе се случува со него во ова натпреварување.

Младиот Бол има само 20 години и 15 дена, кога го оствари ова постигнување, тој на мечот против Милвоки Бакс запиша зад своето име 17 поени, 12 скокови и 13 асистенции.

Интересно е тоа што овој рекорд е подобрен за само 5 дена, претходно сопственик на тој рекорд беше Леброн Џејмс кој такви бројки зад своето име оствари на 20 години и 20 денови.