Лино беше и замина, сега е време за нов селектор, пак од домашното првенство?

1280

По заминувањето на Лино Червар од репрезентативниот кампус на Македонија, отворени се повеќе опции за можен наследник на Хрватот.

Најновите информации се дека и актуелниот тренер на РК Вардар, Раул Гонзалес, е опција за РФМ. Најавено е дека тој во следните денови ќе има средба со челниците на Ракометна федерација на Македонија, каде ќе биде дискутирано и за опцијата Шпанецот да добие двојна улога.

Од друга страна, Вардар се подготвува за завршницата од ракометната Лига на шампиони, па прашање е дали самиот тренер на „црвено-црните“ ќе прифати да води екипи на два фронта.

Но исто така вреди да се напомене, дека Гонзалес освен што добро го познава нашиот јазик, нема да има никаква бариера за говорот кон репрезентативците, но и тоа што добро ја познава лигата и сите интернационалци кои настапуваа во големите европски клубови.

Не е утврдено дали во потесниот круг за нов ракометен селектор е само Раул Гонзалес, или има уште некој потенцијален кандидат.