Линколн е премал за Арсенал: Петка за ревитализирање на „топчиите“ по Баерн

409

Арсенал со мислите е веќе во следната фаза од ФА купот, „топџиите“ на Емирати го поразија годинешново изненадување во најстариот фудбалски куп во светот, тимот на Линколн.

При крајот на првиот дел, Тео Волкот постигна гол за водство на домаќините, а убедливата победа дојде во вториот дел, кога голови за Арсенал постигнаа уште и Жиру, Санчез и Арон Ремзи, а Лук Ватерфул си постигна автогол.

Линколн немаше шанси во оваа пресметка, но покажаа карактер со тоа што стигнаа до оваа фаза, и секако дека не заминуваат со наведнати глави, бидејки сепак, ова беше Арсенал.

https://www.youtube.com/watch?v=W1m_Ctr6m7g