Ливерпул стартуваше со реми, навивачите бесни, каде е … (Фото + Видео)

4043

Иако видовме фантастичен и повторно ефикасен меч на стартот од новата сезона во Премиер лигата, на навивачите на Ливерпул воопшто не им се допадна ремито со Ватфорд.

Тие сметаат дека мора веднаш да се интервенира во одбраната, бидејќи ако се следи старата народна “по утрото денот се познава“ на клубот од Енфилд не му претстои светла иднина. Прашуваат каде е подобрувањето на дефанзивата и зошто не се работи на соодветна замена за Кутињо.

Некои наведуваат дека денешната партија на “црвените“ само ќе го убеди дополнително Кутињо дека што побрзо треба да си замине од екипата, додека останатите бараат итно се потребни промени, ако треба и тренерски.

Што се однесува до Јирген Клоп неговиот досегашен учинок во споредба со оној на неговиот претходник Брендан Роџерс, кога во прашање се првите 100 натпревари не е подобар. На Германецот му замеруваат за бројните долги акции, измените и воопшто лошата координација на теренот меѓу играчите.