Лејно се отвори за „Лекип“ и откри што им било кажано од управата на Вардар

2446

Актуелната светска шампионка со Франција и голманката на Вардар, Амандин Лејно во текот на вчерашниот ден потпиша за Ѓер каде што ќе се пресели на почетокот на идната сезона.

Ова доаѓа откако управата на „црвено-црните“ им соопшти на сите интернационалки дека по крајот на тековната сезона се слободни.

Лејно по официјализирање на соработката со Унгарките, во интервју за тиражниот француски весник „Лекип“ откри што всушност се случува и ќе се случи со нашиот првак Вардар.

„Претседателот уште пред две седмици ни најави дека нема да продолжи со женскиот тим на ова ниво. Тој веќе има и машки ракометен тим и фудбалски клуб. Ние немаме друг избор, освен да заминеме. Тоа е добро што ни кажаа доволно рано, па имаме можност да пронајдеме нови средини“, изјави Лејно.