Лесен тренинг и „девет од девет“ за Вардар во СЕХА

215

Македонскиот, регионален и европски првак Вардар ја оствари деветтата победа во СЕХА лигата откако без поголеми проблеми славеше во дуелот со Војводина со 37-22.

Во ниеден момент од натпреварот нашиот тим немаше проблеми, контролата над играта ја презеде во петтата минута и до крајот само го зголемуваше водството. Екипата на Војводина беше таа која прва го отвори резултатот за водство од 0:1, што се покажа како единствено на овој дуел за гостинската екипа. Вардар благодарение на головите на Поповски и Недановски по 6 минути игра имаа предност од 4:1. Со нов гол, вкупно трети на Мартин Поповски, црвено-црните поведоа со 5:2, но противникот постигна два гола во серија и намали на 5:4.

Вардар почна со Даниел Ѓорѓески кој го имаше најдоброто издание оваа сезона за клубот. Бранеше одлично и беше еден од најзаслужните за стекнатата предност на Вардар во првото полувреме. Следеше нова серија за избраниците на Гонзалес од 3:0 за во 12 минута да имаме највисоки четири голови предност од 12:8. „Црвено-црните“ играа со половина сили и го диктираа темпото иако и Војводина даваше силен отпор.

Одржувавме предност од 3-4 голови се до 21 минута, кога при резултат од 13:10, Вардар постигна три последователни голови, од кои два беа на Недановски, за најголеми шест голови предност (26:20) на пет минути пред крајот на натпреварот. До истекот на 30-те минути, гостинската екипа се погрижи да има достојна негатива од четири голови, резултат од 17:13 со кој се замина на полувреме. Одличен прв дел за Ѓорѓески кој стигна до вкупно 12 успешни интервенции, додека Поповски и Недановски беа најдобри стрелци во овој дел од мечот, со по 4 постигнати голови.

При резултат 25:18 направивме серија од 4:0 и во 48 минута имавме убедлива предност од 29:18. Се разбуди и Вуко Борозан кој набрзина постигна четири гола и му донесе убедливи 33:20 на својот тим, додека Ѓорѓески е феноменален и веќе има 17 одбрани.  На крајот конечниот резултат гласеше

Најефикасен кај Вардар беше Мартин Поповски кој постигна 10 голови. Во составот за денешниот натпревар не беа Карачиќ и Абутовиќ, додека во игра воопшто не влегоа Чупиќ, Шишкарев, Штербик и Стоилов. По ова коло имаме 27 бодови, на второто место е Мешков Брест со 18 и меч помалку, додека трет е ППД Загреб со 16 освоени бодови.