„Лекип“ тврди: Се подготвуваaт големи промени во ПСЖ

496

Угледниот француски весник „Лекип“ кој има меѓународно реноме во денешниот број донесува информација која вели дека во ПСЖ на големо се подготуваат промени.

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи незадоволен од случувањата во клубот кои почнаа со кавгата помеѓу Нејмар и Кавани, и постојаните пишувања на медиумите за лошите конекции помеѓу првата ѕвезда на тимот, Нејмар и тренерот Унаи Емери, подготвува промени.

Како што се наведува богатиот Катарец има намери да назначи нов стратег на тимот и да му се заблагодари на Емери за досегашната соработка. Во јавноста постојано со парижани се поврзуваат имињата на Диего Симеоне, Антонио Конте и Жозе Мурњо како можни наследници на Шпанецот.