Легендата си заминува: Торес го напушта Атлетико!

864

Легендарниот фудбалер на Атлетико Мадрид повторно ќе го напушти клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека во јануарскиот преоден рок тој ќе си замине од Атлетико бидејќи тренерот Диего Симеоне не смета на него. Проблем претставува и лошиот однос со Јаник Караско со кого Торес нема никаква комуникација, како на теренот, така и надвор од него.

Искусниот напаѓач има отворени понуди од САД и од Кина и најверојатно ќе прифати една од нив. Во Атлетико тој се врати во јануари 2015 година откако претходно играше во Ливерпул, Челси и Милан.