Легендата се враќа: Маленко е нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

420

Најдобриот пливач во историјата на овој спорт во Македонија, Александар Маленко е избран за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Прославениот македонски пливач ја презеде функцијата по изборното Собрание што се одржа во амфитеатарот на Факултетот за спорт. Во трката за наследник на Александар Коцевски се вклучи и Миро Крстевски.

Исходот од гласањето беше тесен (12:10) и заврши во полза на Маленко чиј прв приоритет во наредниот период ќе биде реактивирање на сметката на ПФМ која долги години е блокирана поради долгови што неофицијално изнесуват преку 10 милиони денари.

За нов претседател на далечинско пливање е именуван Томи Стефановски.