Легендата на Милан шокиран од Донарума, кој го спореди со предавствата на Кака и Шева

2598

Легендата на „Росонерите“, Ариго Саки, открива како се чувствувал кога дознал каква изненадувачка одлука донел Џиџи Донарума пред некој ден.

Саки тврди дека Донарума ќе жали за оваа можеби избрзана одлука во неговата понатамошна професионална кариера. Саки не криеше дека е разочаран од ваквиот развој на настани, и одблиску истакна што мислис за Донарума.

„Јас бев навикнат да го почитувам Донарума како момче, но бев шокиран од неговата одлука. Оваа одлука не само што го става неговиот личен интегритет под знак прашање, туку и неговата целокупна кариера која допрва треба да дојде“.

По ова, тој ќе остане за мене некој кој парите ги ставил како приоритет пред фудбалот, како на пример Шевченко и Кака кои од Милан, преминаа во Реал, но подоцна пожалија поради нивните потези“, смета Ариго Саки.

Донарума има уште една сезона договор со Милан, а како што се најавува, парите на новите сопственици не им се важни, но сепак, можеби ќе го врзат Донарума една сезона на клупа, со цел да му покажат дека и тие нема да жалат по него.

loading...