Легендата на Динамо: Адеми е ѕвер од фудбалер!

570

Хрватските медиуми, но и тамошната јавност се импресионирани од настапот на нашиот репрезентативец Аријан Адеми по последниот натпревар на Динамо Загреб протви Осијек во победата од 2-4.

Македонскиот репрезентативец на два наврати ја затресе противничката мрежа иако ова не му е примарна цел сооглед на тоа што се работи за играч од средината со дефанзивни задачи.

Легендата на загребскиот клуб, Игор Цвитановиќ беше полн со комплименти за Адеми

„Аријан е играч кој е вистинско богатство за секоја екипа. Без оглед на тоа како ви оди, вие знаете дека тој ќе го даде својот максимум секогаш. Адеми за мене е ѕвер од фудбалер, тоа никогаш и не било спорно. Мило ми е што по суспензијата се врати на ваков начин“, изјави Цвитановиќ.