Легендарниот Џерард го доби својот прв тренерски ангажман

922

Легендарниот англиски фудбалер, Стивен Џерард пронајде ангажман по завршувањето на својата фудбалска кариера.

Џерард се врати во Ливерпул и ќе работи во академијата Мелвуд, каде ќе ги тренира младите потенцијали на клубот од „Енфилд“.

Иако сеуште нема службена потврда, една од младинските селекции на Ливерпул неодамна остана без тренер и се наведува на тоа дека неговото место ќе го презеде токму Џерард.

За Стивен ова ќе биде враќање во Ливерпул, во кој како фудбалер помина 17 години, а по завршувањето на кариерата имаше можност да го преземе Мек Донс.

Џерард на крајот се одлучи за Ливерпул и тренерскиот занает кој ќе го стекне постепено.