Леброн Џејмс со силна порака до своите соиграчи пред големата битка во „Оракл Арена“

1190

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, е сериозно „наострен“ за петтиот натпревар во НБА финалето против Голден Стејт, каде немаат право на грешка.

Доколку Голден Стејт победи утре наутро, тоа ќе биде крај на надежите за Леброн и друштвото дека може да ја одбранат шампионската круна од минатата сезона.

Кавалирс немаат право на грешка, и ќе мора да намалат на 3:2, доколку сакаат да има и 6 натпревар во серијата.

Во првите два меча одигравме многу лошо. Беше потребно по натпреварот внимателно да го гледаме видеото, и да видиме каде грешевме толку. Подоцна видовме кој беше нашиот проблем. Ако сториме нешто непотребно, противникот ќе не казни. Во „Оракл Арената“ мора да одиграме 20 пати подобро од претходниот пат кога победивме“, порача Леброн Џејмс.

Петтиот натпревар од финалната серија е на програмата во 3 часот наутро.