Леброн Џејмс сака да купи НБА тим

685

Леброн Џејмс, полека но сигурно влегува во завршницата од кариерата. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во НБА, во декември ќе наполни 33 години, па според неговите зборови, тековниот договор, е последниот  кој што ќе го одработи во неговата кариера.

Сепак по завршувањето од кариерата, нема намери да се повлече од кошарката, но не како многумина кои сакат да продолжат како тренери. Џејмс има желба да купе НБА тим и да стане газда:

„Ќе биде лудо ако станам сопственик на НБА тим. Ако се се поклопи и ако имам прав тим околу себе, секако дека би купил тим. Би сакал тоа да е Кливленд. Веројатно работите ќе се одвиваат во тој правец“, изјави Џејмс.

Најголем дел од кариерата ЛБЈ помина во Кливленд. Во првиот случај за Кавалирс играше од 2003 до 2010 година, потоа мина четири години во Мајами, а во 2014 година повторно се врати во Кливленд каде што е и сега.