Леброн: Сакам да ги укинат нашите директни преноси на државната телевизија..

640

Хјустон Рокитс вчера го победија Кливленд Кавалирс со 120:88 и со тоа им ја продолжија агонијата на Леброн и друштвото.

Новинарите веднаш по средбата тргнаа кон Леброн Џејмс да го чујат неговото мислење за нивната очајна игра овој период, а тој имаше што да им порача.

Немам зборови, навистина. Кога не пренесуваат на државната телевизија, ние имаме скор од 0-8, тоа е страшно. Треба да ги укинат нашите директни преноси на националната телевизија до крајот на сезоната“, истакна разочараниот Леброн Џејмс.

По поразот од Хјустон, скорот на Кливленд е 30:21, па на истокот се наоѓаат на 3. позиција на табелата, додека Визардс се на четвртата позиција.