Леброн полуде и го „почести“ Вашингтон со 57 поени (ВИДЕО)

336

Еден од најдобрите светски кошаркари Леброн Џејмс го изгуби трпението и одлучи сам да го однесе Кливленд до победа.

Неговата екипа во првите осум натпревари претрпе пет порази, па Леброн мораше да го крене духот кај соиграчите. Кливленд победи со 130:122, а Леброн за 42 минути постигна 57 поени, 11 скока, седум асистенции, три украдени топки и две блокади.

Во победата му помогна Дерик Роуз кој го одигра најдобриот натпревар откако е член на Кавалирс.

На спротивната страна, Бредли Бил постигна 36 поени, но имаше помош само од Убре кој додаде 21.